4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Наскоро ќе биде достапна мемориска картичка од половина терабајт

Компанијата Integral Memory направила microSD картичка со капацитет од 512 гигабајти, која има тенденција да стане нов лидер во сферата на преносливата меморија.

Претходниот рекорд за капацитет го држеше компанијата SanDisk за microSD картичка со 400 гигабајти, која и натаму со брзина од 100 мегабајти во секунда е побрза во читањето и преносот на податоци.

Максималната брзина на читање на мемориската картичка од 512 гигабајти ќе биде 80 мегабајти во секунда.

Минималната брзина на запишување на податоци е 10 мегабајти во секунда. Картичката го исполнува стандардот V10 за видеа, така што може да се користи и во камери кои снимаат во Full HD резолуција.

Картичката од Integral Memory ќе се појави на пазарот следниот месец, а нејзината цена сè уште не е позната.