13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меѓународната коалиција убила 150 џихадисти во Сирија

Меѓународната воена коалиција, предводена од САД, која се бори против џихадистичката група Исламска држава (ИД), соопшти дека убила 150 нејзини борци во бомбардирањето на долината на Еуфрат во Сирија.

Според информациите, воздушниот напад бил извршен во саботата во близина на Ал Чафаха, на источниот брег на реката Еуфрат, во провинцијата Деир Езор.

Цели на нападот биле командни центри на џихадистите бидејќи коалицијата регистрирала зголемување на бројот на исламистички борци.

„Прецизното бомбардирање беше само завршница на темелна разузнавачка подготовка која потврди дека во командниот центар се наоѓале исклучиво припадници на Исламска држава“, соопшти коалицијата изразувајќи задоволство дека при нападот не била регистрирана ниту една цивилна жртва.

Ултрарадикалната организација која изгуби поголем дел од територијата што ја контролираше во Сирија, задржа само некои помали области, особено по текот на реката Еуфрат.

Арапско-курдските сојузници на Вашингтон – Сириските демократски сили (FDS) ѝ помогнале на коалицијата во текот на бомбардирањето.

Спонзорирано: