23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонија плаче: Почина 15 годишно момче во скопска клиника сред операција

Петнаесетогодишно момче ноќеска починало при вовед во анестезија во тек на операција на Клиниката за трауматологија, потврдија за НОВА на Хируршките клиники.

Момчето било донесено како итен случај со повреда на двете колена од пад на час по физичко воспитување.

Смртта настапила кога му бил даден инхалационен анаестетик, а анестезиолозите тврдат дека не се работи за алегрија, туку сомневаат дека настанала малигна хипертермија која се случува во многу ретки случаи кај пациенти кои имаат генетска мутација и во комбинација со анестетик може да настапат компликации и смрт.

На Хируршките клиники објаснуваат дека момчето најверојатно ја имало оваа генетска мутација, што дополнитено ќе се утврдува во Институтот за судска медицина.

Спонзорирано: