18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грип коси во регионот – 23 мртви, десетици илјади заразени

Сезоната на грип го достигна својот врв во Хрватска. Според информациите, заболени се над 15.000 лица, а 23 лица починале.

Според хрватските медиуми, бројот на заболени и починати луѓе секојдневно расте, а според Националниот центар за грип при Хрватскиот институт за јавно здравје, во моментов има околу 15.000 пријавени случаи на грип. Владимир Драженовиќ, директор на центарот, изјавил дека овој број само во текот на денешниот ден ќе се зголеми за околу 2000 лица.

„Досега како последица на грипот животот го загубиле 23 лица, од кои тројца се помлади од 50 години“, рече Драженовиќ додавајќи дека грипот ќе трае уште три недели.

„Грипот покажува слични карактеристики исто како и минатата година кога неговото жариште траеше седум недели. Оваа сезона на грип трае од три до четири недели и можеме да очекуваме да биде присутна уште најмалку три недели“, додаде Драженовиќ. Според него, сите кои кашлаат и им тече секрет од носот, односно покажуваат симптоми на болеста, не треба да излегуваат во јавност и во детски градинки и училишта.

Спонзорирано: