3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Економски експерт со храбра изјава во Давос: По 20 години, „Фејсбук“ нема да постои

Професорот по економија на престижниот универзитет МИТ, Дејвид Аутор, на Светскиот економски форум во Давос го претстави своето видување според кое денешните технолошки компании, како што е „Фејсбук“, ќе ја доживеат истата судбина како и некои компании што доминирале во минатото, а денес не постојат.

Професорот за време на дискусијата го постави прашањето дали е можно да се живее во свет на монопол.

Притоа тој објасни дека во моментот живееме во свет каде што победникот зема најголем дел од пазарот и каде што малата предност во однос на конкуренцијата е всушност огромна предност.

Според него, компаниите како „Амазон“ и „Фејсбук“ растат органски (луѓето се на „Фејсбук“ бидејќи нивните пријатели се таму), но тоа не значи дека ваквиот раст е добар или одржлив на долг рок.

Професорот истакна дека и во минатото постоеле слични монополи наведувајќи ја како пример американската железница.

„Мојата претпоставка е дека ‘Фејсбук’ нема да постои за 20 години од сега“, заклучил Дејвид Аутор.