20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Обид за линч на поранешен министер за време на протестите

Група демонстранти кои учествуваа на неделниот митинг во Грција против употребата на називот „Македонија“ во новото име за нашата држава, се обиде да го нападне грчкиот поранешен заменик-министер за образование, Костас Зурарис.

Зуарис минатата недела поднесе оставка од функцијата по негативните реакции во врска со негови навредливи коментари против фудбалски навивачи, па на протестот беше прогонуван од страна на гневни демонстранти.

Неговите телохранители набрзина го одведоа во автомобилот додека демонстрантите трчаа зад него заканувајќи се дека ќе го линчуваат.

Зурарис важи за контроверзна личност и е член на партијата „Независни Грци“, а е жесток противник на употребата на називот „Македонија“ во новото име.

Сепак, тој беше обвинет дека е предавник на оваа позиција бидејќи беше министер во владата која се залага за ново име кое ќе го содржи терминот „Македонија“.

Спонзорирано: