9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја и се закани на Америка: Имаме моќно нуклеарно оружје, ќе го одбиеме секој напад

Северна Кореја предупреди денес дека има „моќно“ нуклеарно оружје со кое може да одбие било каков напад, а истовремено ги обвини САД дека распоредуваат воени ресурси во близина на таа земја под изговор дека обезбедуваат сигурност во текот на Зимските олимписки игри, кои се одржуваат во Јужна Кореја.

Американскиот амбасадор за прашања околу разоружување Роберт Вуд рекол дека САД нема да ја признае Северна Кореја како нуклеарно вооружена земја.

„Ако Северна Кореја сака да се врати и да биде во милост на меѓународната заедница, таа земја знае што треба да прави – треба да преземе чекори кон денуклеаризација на Корејскиот полуостров“, заклучил американскиот амбасадор.

Спонзорирано: