3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Рама: Ќе продолжам да ги бранам Албанците во Македонија

Албанскиот премиер Еди Рама за албанските медиуми изјави дека ќе продолжи да ги брани Aлбанците во Македонија.

Како што пишуваат медиумите во соседната земја, тој така одговори на обвинувањата што му ги упати Руската амбасада во Македонија за изјавата дека благодарение на неговата партија е усвоен Законот за употреба на јазиците во Македонија.

Рама вели и дека се гордее кога го обвинуваат за заштита на Албанците.

– Ние немаме скриени агенди. Нашите агенди се јавни и тоа ја крева температурата на нашите соседи, а нашата надворешна политика е достоинствена, без оглед што сме мала земја, бидејќи на маса сме рамноправни – вели Рама.

Во врска со одбивањето на претседателот Ѓорге Иванов да го потпише указот за Законот за употреба на јазиците, Рама вели дека не е изненаден.

-Би бил изненаден ако тој го потпишеше Законот. Но тоа нема да го спречи усвојувањето на тој закон – истакнува Рама./Извор: Мета.мк

Спонзорирано: