11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Оваа година ќе се потрошат 270 милиони евра за изградба и реконструкција на патиштата

Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на државните патишта за 2018 година на Јавно претпријатие за државни патишта, беше усвоена на последната владина седница и со неа се планирани инвестиции во вкупна вредност од 16.748.600.000 денари (272.334.959 евра).

Од Министерство за транспорт и врски информираат дека, помеѓу позначајните проекти предвидени во оваа програма се продолжување на изградба на автопатиштата Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип, изградба на експресни патишта Штип – Кочани, Штип – Радовиш, Градско – Прилеп, државен пат Струмица – Ново Село кон границата со Бугарија во должина од 20 километри, изградба на експресен пат делница Ранковце – Крива Паланка и други.

Во програмата предвидено е изградба и рехабилитација на повеќе државни и регионални патишта, изградба и санација на мостовите, осветлување на клучките, поставување на сообраќајна сигнализација и опрема, санација на свлечиштата.

Предвидени се и проекти за воведување на електронски систем за наплата на патарини на Коридор 10 како и проект за проценка на безбедноста на патиштата (IRAP)./Извор: Мета.мк

Спонзорирано: