4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Врховниот суд го одби барањето за меѓународна потерница за Пучдемон

Шпанскиот Врховен суд го одби барањето на државното обвинителство повторно да се активира европскиот налог за апсење на поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемон. Одлуката повторно да се активира налогот за апсење е одложена додека каталонскиот парламент не ги врати нормалните активности, наведе судот во соопштение.

Засега Пучдемон е слободен да се движи во Европа, надвор од Шпанија, рече шпанскиот министер за надворени работи, Алфонсо Дастиса, истакнувајќи дека судиите треба да одлучат дали тој ќе биде уапсен.

„Господинот Пучдемон е предмет на судски процес во Шпанија. Надвор од Шпанија тој ужива слобода на движење во Европската Унија, но ќе видиме што ќе се случи“, рече Дастис.

Пучдемон утрово допатува во Данска наспроти апсењето што му се заканува во таа земја.