13.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Синоптичарите излегоа со прогноза – еве какво време најавуваат

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во северните и источните делови сè уште ќе има провејување на слаб снег. Преку денот облачноста ќе се намали и ќе биде сончево со умерена облачност, извести УХМР. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено по должина на Повардарието и во Пелагонија, каде што на места ќе достигнува брзина и над 70км/ч. Максималната температура ќе се движи од 0 до 6 степени.

Во Скопје променливо облачно време, попладне сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

Од утре до крајот на неделата ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе бидат во интервал од -9 до -2 степени, а дневните ќе бидат во постепено покачување.

Спонзорирано: