5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Се бараат работници во Германија, плата 2000 евра!

Во Германија во моментот во тек е вистински бум кога во прашање е приватизацијата на железницата. Имено, покрај државната железница „Дојче бан“, во моментот има уште 300 приватни компании што се вклучени во железничкиот сообраќај, и тоа како во патничкиот така и во товарниот.

На пример, во Штутгарт в година повеќето од регионалните пруги и патничкиот сообраќај ќе ги преземе компанијата „Го ахед“. Сите овие приватни компании имаат една заедничка работа – итно бараат работници – инженери и кондуктери.

Така, од „Дојче бан“ во Минхен итно бараат од 50 до 100 кондуктери, пренесуваат регионалните медиуми. Исто така, „Метроном“, „Агилис“, ОДЕГ, „Ландербан“, Го ахед“ и многу други превозници бараат кондуктери и инженери.

Курсот за кондуктери трае три месеци, а за инженери и контролори на шините трае осум месеци. Бруто-платата на кондуктерите во северниот дел на Германија е околу 2.050 евра, а на југот на Германија околу 2.650 евра.

Спонзорирано: