7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пучдемон отпатува во Данска и покрај опасноста да биде уапсен

Сепаратистичкиот каталонски лидер Карлес Пучдемон допатувал во Данска и покрај апсењето што му се заканува во оваа земја. Пучдемон, кој со авион пристигнал од Брисел во Копенхаген, на аеродромот не дал изјава.

Каталонскиот лидер, кој побегна во Брисел за да избегне апсење од шпанските власти поради обидот за отцепување на Каталонија, најави дека ќе патува во Данска за да учествува во универзитетска дебата на тема „Каталонија и Европа на крстосница кон демократија“.

Шпанскиот јавен обвинител, пак, вчера соопшти дека ќе побара од надлежниот судија да издаде нова меѓународна потерница по Пучдемон.

„Ако Пучдемон, кој моментно е во Белгија, се појави во Данска, обвинителот веднаш ќе постапи и ќе побара од истражниот судија во Врховниот суд да го активира европскиот налог за апсење и од судските власти од Данска да побара да го уапси обвинетиот“, соопшти вчера обвинителството.

Спонзорирано: