11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Бројот на милијардери во 2017 година највисок во историјата на човештвото

Оксфам, односно меѓународната конфедерација на хуманитарни организации кои се борат против глобалната сиромаштија, објави нови податоци за распределбата на светското богатство.

Како што се наведува во извештајот, светот никогаш немал повеќе милијардери додека бројот на сиромашни непрекинато расте.

Бројот на милијардерите во 2017 година е највисок во историјата на човештвото.

Богатите успеале да заработат дури 762 милијарди долари, а додека богатството на милијардерите непрекинато расте, просечните плати на обичните луѓе остануваат исти или се намалуваат.

Најголем број на супер богати поединци доаѓаат од Америка и Кина, а потоа од Европа, Бразил, Мексико, Јапонија и Саудиска Арабија.

Според анализите на оваа меѓународна организација, богатството на осумте најбогати поединци во 2017 е еднакво на имотот на најсиромашната половина од светот.

Спонзорирано: