13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Абас ја повика ЕУ да ја признае палестинската држава

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ги повика земјите членки на Европската Унија да ја признаат државата Палестина.

Нарекувајќи ја ЕУ вистински пријател и партнер, Абас рече дека Европејците треба бргу да ја признаат државата Палестина.

„Тоа би го охрабрило палестинскиот народ да продолжи да се надева на мир и да почека до негово конечно воспоставување“, изјави Абас пред новинарите за време на неговата средба со министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Абас исто така ја повика ЕУ да има поголема улога во мировниот процес меѓу Израелците и Палестинците.

Високата претставнилка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Федерика Могерини, ја потврди посветеноста на Унијата во решавањето на израелско-палестинскиот конфликт со Ерусалим како заедничка престолнина на Израел и идната Палестина.

Могерини рече дека тоа е единствениот реален и остварлив начин да се исполнат легитимните очекувања на двете страни.

Спонзорирано: