10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Ципрас: Не е неразумно да се вклучи „Македонија“ во името

Повеќе од 25 години, нашите соседи се признати како „Република Македонија“ од многу земји ширум светот, додека ние насекаде се бориме сите да ги нарекуваат ФИРОМ. Не е неразумно терминот „Македонија“ да биде вклучен во новото име за земјата. Ова го изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за „Етнос“.

Грчкиот премиер рече дека ја разбира загриженоста и чувствата на неговите сонародници од северна Грција, кои сега протестираат во врска со спорот за името, бидејќи на крајот на краиштата, како што рече, и тој бил половина Македонец.

„Ги повикувам нашите сограѓани да бидат трезвени и да го разликуваат она што е добро за националниот интерес и она што не е, а недостатокот на решение за спорот околу името го поткопува националниот интерес. Во текот на 25 години нашите соседи се признати под името „Република Македонија“ од голем број земји во светот, додека ние се бориме секаде, да ги нарекуваат ФИРОМ. И не е апсурдно да се вклучи името „Македонија“ во едно сложено географско име, за на сите да им биде јасно дека тоа нема да содржи претензии кон историјата и територијалниот интегритет на други народи“, истакна Ципрас.

Во однос на различните позиции за прашањето во грчката влада Ципрас рече дека Панос Каменос бил свесен за проблемот, но тој бил чесен политичар и патриот кој имал сомнеж што го изразил пред Владата, но истовремено изразил и уверување во напорите на министерот за надворешни работи и неговата желба да постигне широк консензус меѓу политичките партии по ова прашање, доколу биде постигнат задоволителен договор.

„Би било национална глупост доколку не се искористи шансата за решавање на овој спор доколку се отстранети негативните факти наметнати во 1992 година“, вели грчкиот премиер.

Спонзорирано: