13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кабул: По 13 часа ослободен хотелот Интерконтинентал, пет лица загинале а шест се повредени

Опсадата што вчера се случи во хотелот Интерконтинентал во Кабул, ја расчистија авганистанските безбедносни сили. По 13 часа судир со напаѓачите од хотелот, загинаа најмалку пет лица, меѓу кои и еден странец а вкупно шест се повредени за време на опсадата, изјавуваат официјални лица. Тројца од жртвите биле припадници на безбедносните сили.

Групата напаѓачи повеќе часови им се спротиставуваше на авганистанските безбедносни сили а според првичните информации хотелот бил нападнат од четири лица, а првите двајца убиени се синоќа.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Наџиб Даниш изјави дека бројот на жртвите е помал од очекуваното, откако успешно беа евакуирани 153 луѓе, од кои 41 странец.

Нападот се случи само неколку денови откако Амбасадата на САД во Кабул предупреди на евентуални напади врз хотели во Кабул.

До сега никој не презеде одговорност за нападот.

Хотелот „Интерконтинентал“ беше мета на напад на талибанците во 2011 година, кога загинаа 21 човек, меѓу кои деветмина напаѓачи.

Спонзорирано: