17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ во посета на Косово дочекан со манастирски ѕвона

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се наоѓа во посета на Косово и Метохија, каде ќе разговара со политички претставници на Србите и граѓаните јужно од реката Ибар.

За време на престојот, Вучиќ ќе положи венец со цвеќе на местото на убиството на Оливер Ивановиќ.

Државната агенција „Танјуг“ јави дека Вучиќ околу 11 часот пристигнал кај манастирот Бањска, каде бил пречекан со звукот на манастирските ѕвона, во присуство на бројни граѓани и претседатели на општините на северот на Косово, а присутно било и свештенството на манастирот со владиката Теодосиј.

Репортерот на Танјуг претходно јави дека колони возила со граѓани пристигнувале кај манастирот, а голема гужва имало и пред портата на храмот.

Местото е обезбедено со присуство на голем број полициски службеници.

Вучиќ ја најави посетата во вторникот, по седницата на Советот за национална безбедност која следеше по убиството на лидерот на граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ. По посетата во манастирот Бањка, Вучиќ ќе го посети Техничкиот факултет во Косовска Митровица каде ќе се сретне со официјални лица на Косово.

Спонзорирано: