20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Уапсените за 27-ми април претходно не сториле прекршок

Дурловски, Илиевски, Јовановски, Чавков, Дамовски и останатите притворени патриоти, како и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се терористи, уверува опозицијата преку соопштение испратено до јавноста.

„Притворите за патриотите сe доказ дека Македонија е единствената држава аспирант за ЕУ во која се конструираат политички обвиненија базирани на измислици и политички нарачки. Обвинението за терористичко загрозување на уставниот поредок е апсурдно. Уметниците, пратениците и полициските службеници претходно не сториле ниту прекршок. Единствено по кое што јавноста ги знае е нивната битка за Македонија која се труделе секаде да ја претстават во најдобро светло“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава СДСМ спроведува селективна правда и политички прогон за неистомислениците, а масовно ослободува прекршители на законите кои се блиски или корисни за власта, за што од партијата, како пример го посочуваат пратеникот и активист на „Шарената револуција“, Павле Богоевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ заклучуваат дека правосудните органи треба да знаат дека мерката притвор е мерка за обезбедување на присуство, а не мерка која треба да се користи за изживување врз политичките неистомисленици.

Спонзорирано: