18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Лек за многу болести во една шолја – козјото млеко е неприкосновен извор на здравје

Кога станува збор за млечните производи, прво место по најдобар извор за здравјето го зазема козјото млеко.

До денес ја задржало репутацијата на несоборив лек за многу болести, а најмногу се применува за лечење бронхитис, алергија, зајакнување на имунитетот…

Изобилува со калциум и фосфор, а содржи и високо ниво комплекс витамини Б, со тоа предничи во здравствениот ефект во однос на кравјото млеко.

Исто така, козјото млеко е богато и со селен и цинк и го обновува хемоглобинот во организмот, затоа е добро да го консумираат лица со недостиг на железо.

Бидејќи има ниско ниво на алергени во однос на кравјото млеко, истражувањата покажуваат дека козјото млеко е со најслична структура како мајчиното млеко.

Истите истражувања тврдат дека одлични резултати се постигнуваат во лечење на срцеви тегоби, цисти, жолчен камен и епилепсија.
Напомена: Природните лекови не се замена за традиционалната медиуцина и лекарствата препишани од доктор. Тие служат само за превенција и како додаток во исхраната

Спонзорирано: