7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Ретко ги јадеме, а изобилуваат со железо, селен, фосфор, магнезиум, цинк…

Ако имате потреба постојано нешто да грицкате, тогаш тоа нека бидат јаткасти плодови. Едни од оние кои се сметаат за најздрави се индиските ореви.

Овие здрави грицки се богати со железо, селен, фосфор, магнезиум и цинк. Индиските ореви имаат бројни здравствени предности.

Индиските ореви се одлични за здравјето на срцето, благотворно делуваат на дијабетес.

Овие јаткасти плодови имаат и антиоксиданси, а се користат и при слабеење. Но, тоа не се единствените здравствени придобивки.

Дијабетес

Незаситените масни киселини во индиските ореви благотворно делуваат и на дијабетес, помагајќи да се намали нивото на триглицериди и штитејќи од понатамошни компликации поврзани со високо ниво на шеќер и холестерол. Редовното конзумирање индиски ореви значително го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2.

Магнезиум

Индиските ореви содржат голема количина магнезиум кој е неопходен за работата на нашиот организам. Магнезиумот е важен за метаболизмот, а редовниот внес на магнезиум може да заштити од висок притисок, грчеви во мускулите, главоболка, хроничен замор.

Здрави усни шуплини

Индискиот орев го чува здравјето на забите и непцата така што ги уништува бактериите, кои предизвикуваат кариес, болести на непцата, акни и други болести.

Спонзорирано: