7.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев да каже која е реалната вредност на фирмата што ја продава

„Државата и државните интереси во Република Македонија се целосно узурпирани од корумпираната и расипничка врхушка на власт. Бизнисот и институциите се под невиден политички притисок од Зоран Заев. Тоа го докажува и паничната реакција на СДСМ со којашто се обидуваат да го покријат молкот на Кочо Анѓушев“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес -конференцијата на Христијан Делев.

Според партијата, Анѓушев освен што е бизнисмен, во моментов е втор човек во владата и десна рака на Зоран Заев. Токму затоа изјавите на Кочо Анѓушев јавноста ги слуша со големо внимание. Јавноста се прашува дали е случајно што по лицитирање со името на државата од страна на Анѓушев неговата компанија стана предмет на интерес на грчкото електростопанство.

„Кочо Анѓушев треба да одговори колкава е реалната вредност на фирмата што ја продава на грчката државна компанија. Со цел отстранување на сомнежот во јавноста дека можеби станува збор за зделка со којашто би можело да се исплаќаат и одредени отстапки за промена на името. Анѓушев мора да одговорат која е реалната цена на неговата компанија, а која е цената за која се преговара. Ако за веродостоен го земеме податокот објавен во анкетниот лист на Анѓушев, вредноста на неговата фирма изнесува 21 милион евра. Дали е ова цената по која истата ќе се продаде или истата е поголема и за која цел би биле исплатени повеќе пари. Јавноста е загрижена од ситуацијата поради фактот што високи функционери на СДСМ во минатото му нуделе скапи подароци и награди на поранешниот претседател Киро Глигоров. Анѓушев мора да ги отстрани стравувањата на јавноста дека продажбата на неговата фирма е дел од зделката за промена на името на државата“, велат од партијата.

Спонзорирано: