13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нимиц: На повидок е решение за спорот за името

Решението за спорот за името е на повидок со што ќе се стави крај на 27-годишниот спор меѓу Грција и Македонија, изјави посредникот на ОН во разговорите за името, Метју Нимиц. Тој кажа дека има големи надежи оти овој процес се движи во позитивна насока, по вечерашните разговори со претставниците на двете земји, Васко Наумовски и Адемантиос Василакис.

Медијаторот посочи дека презентирал сет сугестии и предлози, кои очекува Наумовски и Василакис да ги претстават на своите влади.

„Нереално е да се очекува решение што нема да го содржи терминот Македонија“, нагласи Нимиц по средбата. Во следните две недели тој ќе ги посети двете земји за да ги слушне мислењата на Владите и да се одлучи како ќе се продолжи понатаму.

Нимиц изјави дека е тешко да се излезе со нешто ново во овој спор бидејќи трае 25 години и размислувани се сите идеи, но смета дека овој сет идеи се компромис со кој би се согласиле и двете страни.

Спонзорирано: