11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ викендов ќе отпатува во Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, овој викенд ќе престојува во Косово, јави Радио телевизија Србија.

Вучиќ в сабота и недела ќе престојува во северниот и централниот дел на Косово. Посетата на претседателот следува по убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ. Вучиќ го оцени убиството како терористички акт и рече дека Србија ќе се однесува во склад со тој акт.

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, го осуди убиството на Ивановиќ и секој обид ова злосторство да се искористи во политички цели. Тој рече дека ова е изолиран случај и дека ситуацијата на Косово е стабилна. „Тоа не значи дека не постои ризик од можни терористички напади“, рече тој.

Спонзорирано: