13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Промоција на учебникот „Алергологија“

Во свечената сала на деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, денеска ќе биде промовиран учебникот „Алергологија“ од професор д-р Дејан Докиќ и соработниците: проф. д-р Магдалена Антова, проф. д-р Горица Брешковска, проф. д-р Емилија Влашки, проф. д-р Весна Гривчева-Пановска, проф. д-р Анѓелко Ѓорчев, проф. д-р Бисерка Јовковска -Ќаева, проф. д-р Јованка Караџинска- Бислимовска, научен соработник д-р Драган Мијаковски, проф. д-р Јордан Минов, проф. д-р Сузана Николовска, доцент д-р Александар Петличковски, научен соработник д-р Сашо Столески, проф. д-р Елена Трајковска- Докиќ, акад. Илија Филипче и проф. д-р Љубица Шутуркова.

Изданието ќе го промовираат академик Момир Поленаковиќ, доцент д-р Венко Филипче, Министер за здравство во Владата на РМ, проф. д-р Соња Топузовска- Декан на Медицинскиот факултет во Скопје и проф. д-р Лилјана Спасовска. Свое обраќање ќе има и главниот уредник, проф. д-р Дејан Докиќ.
Учебникот е во издание на Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.

Спонзорирано: