19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Градежни активности во штипската населба Ново Село

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, денеска ја посети населбата Ново Село, каде што деновиве се одвиваат повеќе градежни активности. Во рамките на посетата тој изјави дека по години негрижа и занемарување, конечно се посветува внимание на овој дел од градот преку одржување на постојната инфраструктура.

„Се уредува дворното место на ПУ „Ванчо Прќе“ и на клонот „Росица“ на градинката „Вера Циривири – Трена“, со тоа што моментно се врши расчистување на теренот со палнирање и валирање. Предвидено е за десет работни дена да се изградат плато и пристапна патека од павер-елементи со вкупна површина од 150 m2. Тоа ќе придонесе за подобар визуелен лик на ова дворно место, но и поголема безбедност на децата, на родителите и на наставниците што работат овде. За оваа активност обезбедени се 200.000 денари од буџетот на Општина Штип, а е реализирана од страна на ЈП „Стипион 2011“, рече Бочварски.

Додаде дека, освен уредувањето на дворното место на подрачното училиште, во населбата Ново Село деновиве се реализираат и други активности поврзани со уредување на речното корито на реката Брегалница од страна на екипите на ЈП „Исар“. Бочварски истакна дека пред неколку години во повеќе наврати се случувало овој дел да се поплави поради немарност и неодржување на коритото на реката, така што со ова уредување се работи не само на естетскиот изглед на коритото туку и на безбедносните димензии за жителите и објектите во овој дел од градот.

Спонзорирано: