12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Докторот во Белата куќа: Трамп е остроумен, треба само да симне неколку килограми

Претседателот на САД, Доналд Трамп, нема никакви ментални тешкотии и големи се шансите дека ќе остане здрав до крајот од мандатот, оцени докторот во Белата куќа, Рони Џексон.

Единствена забелешка е тоа што милијардерот, кој има 108,4 килограми, годинава треба да намали помеѓу 4 и 8 килограми на начин што ќе започне да се храни поздраво и да вежба.

„Нема никакви знаци на какви било интелектуални тешкотии“, рече Џексон и додаде дека лично Трамп побарал да му биде направен тест за когнитивните функции во рамките на систематскиот преглед минатата седмица.

„Здравјето на претседателот е одлично. На когнитивниот тест, кој содржи 30 прашања, Трамп одговори точно на сите. Претседателот ментално е многу остроумен“, рече докторот одговарајќи на новинарски прашања во Белата куќа.

Спонзорирано: