7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Во земјата годинава ќе бидат изградени 80 километри гасовод

Во земјата годинава ќе бидат изградени 80 километри гасовод, што е најмногу досега, а за тоа веќе се обезбедени околу 40 милини евра во буџетот. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, по денешната работна средба со директорот на Македонските енергетски ресурси (МЕР), Благојче Котевски, рече дека гасификацијата е еден од врвните приоритети на Владата и затоа интензивно се работи за изнаоѓање начини цевките од гасоводот да стигнат до сите општини.

„Ќе им се јавиме на сите општини и на сите градоначалници каде што поминува националната траса за гасификација. Ќе ги интензивираме односите и ќе ѝ помогнеме на секоја општина да ги започне процесите за гасификација“, изјави Благојче Котески, извршен директор на Македонските енергетски ресурси.

Спонзорирано: