18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Туск: ЕУ е отворена за можноста Велика Британија и натаму да остане членка

Европската Унија е отворена за можноста дека Велика Британија ќе го промени ставот за брегзит и да остане дел од Унијата, рече претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во Европскиот парламент.

Туск изјави дека доколку владата на Велика Британија остане на својата одлука да ја напушти ЕУ, брегзит со сите свои негативни последици ќе стане реалност во март 2019 година.

„Се разбира, оставаме и простор нашите британски пријатели да го променат мислењето“, рече тој. „Ние овде на континентот не сме го промениле мислењето и натаму сме отворени за вас“.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, рече дека се надева оти пораката на Туск ќе биде јасно слушната во Лондон.

Коментарите на европските лидери доаѓаат кога во Велика Британија се интензивира дебатата за можност за уште еден референдум за брегзит.

Минатата недела поранешниот лидер на британската партија УКИП, Најџел Фараж, кој беше еден од најистакнатите поборници за брегзит, сугерира дека не ја исклучува можноста да ги поддржи повиците за уште еден референдум.

Спонзорирано: