15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ оди контра целиот демократски свет кој го поддржа договорот за добрососедство

Реакциите на ВМРО-ДПМНЕ за договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија се неосновани, велат од владејачката партија СДСМ во своето соопштение до јавноста, објавено во контекст на прес-конференцијата на Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, договорот за добрососедство и пријателство помеѓу Македонија и Бугарија е во интерес на двете држави и нивните граѓани и е во согласност со националните и државните интереси на Република Македонија.

„Тоа што целиот демократски свет го поздравува договорот како значаен исчекор кон евро-атлантските интеграции и го истакнува значењето за регионалната и меѓународната позиција на Република Македонија, а само ВМРО-ДПМНЕ неосновано е против, ги оживува политиките на оваа опозициска партија за поделби и изолација“, се наведува во соопштението.

Од СДСМ истакнуваат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност пред граѓаните и да ги напушти политиките на изолација, конфликт и поделби во кои, како што велат, со години е заробена оваа партија и да им дадат поддршка на политиките што обезбедуваат пријателство, соработка, добрососедски односи и целосна интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Спонзорирано: