13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Папата: Чувствувам срам и болка поради скандалот со сексуална злоупотреба во Чиле

Папата Франциско рече дека чувствува срам и болка поради скандалот со сексуалната злоупотреба што ја потресе католичката црква во Чиле, објави Би-би-си. Папата исто така за време на својата прва посета на Чиле побара прошка од жртвите на сексуална злоупотреба предизвикана од свештеници во католичката црква.

Папата беше критикуван во Чиле за одлуката да постави бискуп што бил обвинет за прикривање сексуална злоупотреба од страна на свештеник.

Во една од многуте изјави за сексуална злоупотреба папата Френциско рече дека справувањето со сексуалната злоупотреба е од витално значење за веродостојноста на црквата и дека санкциите мора да се спроведат против сторителите.

Меѓутоа, критиките во Чиле велат дека папата не успеал да одговори на нивното барање за преиспитување на назначувањето на Хуан Барос за бискуп од Осорно.

Спонзорирано: