3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дански пронаоѓач обвинет за убиство на новинарка

Данскиот пронаоѓач и сопственик на подморница, Петер Мадсен, е обвинет за убиство на шведската новинарка Ким Вол за време на патување во својата подморница. Според информациите, Мадсен, најверојатно, ја задавил или ѝ го пресекол грлото, соопшти данското обвинителство.

Мадсен првично ѝ рекол на полицијата дека новинарката случајно настрадала внатре во подморницата, како и дека нејзините делови од телото подоцна ги фрлил во морето.

Мадсен и Вол тргнале на пат на 10 август бидејќи таа пишувала сторија за него, а последен пат била видена жива кога подморницата испловила од Копенхаген.

Полицијата смета дека Мадсен намерно ја потопил подморницата. Како што се наведува, судењето на Мадсен ќе почне на 8 март и најверојатно ќе биде завршено на 25 април, пренесуваат данските медиуми.

Спонзорирано: