19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Законот за амнестија уште еден во низата антидржавни дејствија

СДСМ ги враќа долговите кон криминалците на штета на граѓаните и државата. Сите деструктивни политики на коишто предупредувавме пред избори се исполнуваат. Државата се разорува и на економски и на безбедносен и на политички план, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

 

„СДСМ денеска одлучи да ослободува криминалци, истовремено кога судиите политички им се одмаздуваат на уметници, оперски пејачи, глумци, режисери само поради нивниот патриотизам. На заслужни граѓани, кои не сториле ниту прекршок во животот им се монтираат обвиненија за тероризам и се држат во притвор, додека осудени криминалци се ослободуваат на улица. Законот за амнестија, кој денеска беше изгласан во Собранието од страна на СДСМ, е уште едно во низата антидржавни дејствија“, рече Костовски.

Тој додаде дека со оваа одлука Власта денеска од затвор пуштила лица осудени за трговија со дрога, тешки кражби, тешки телесни повреди, мачење и друго сурово нечовечко и понижувачко постапување и казнување, проституција и други тешки кривични дела.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека законот бил донесен на шверцерски начин и без присуство на нивните пратеници во Собранието, а со истиот дошол живот за криминалците.

Спонзорирано: