14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Ракометарите вечерва против Црна Гора

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва го игра втoриот натпревар на Европското првенство во Хрватска. Противник на македонските ракометари ќе биде селекцијата на Црна Гора.

Македонија во првото коло ја совлада Словенија, 25:24, додека Црна Гора доживеа дебакл против актуелниот шампион Германија, 32:19.

Раул Гонзалес и неговите избраници со победа на овој меч дефинитивно ќе го обезбедат пласманот во втората фаза на шампионатот, каде во Вараждин групата во која е Македонија ќе вкрсти цо Д-групата.

Македонскиот селектор нема да менува ништо за дуелот со Црногорците, ќе настапи со истите играчи кои играа и на претходниот меч со Словенија, додека црногорскиот предводник Драган Ѓукиќ во тимот ќе го има првиот голман Небојша Симиќ.

Натпреварот во „Арена“ во Загреб ќе почне во 20:30 часот.

Спонзорирано: