15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Колинда: Хрватска ѝ подава рака на Србија

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, изјави дека Хрватска ѝ подава рака за мир и соработка на Србија.

„Ние им пружаме рака на мир и соработка на нашите соседи со надеж дека во Србија имаме искрен соговорник во процесот на изнаоѓање одговор во врска со отворените билатерални прашања, меѓу кои соработка во сите денешни аспекти, но и нови предизвици кои би можеле во иднина да застанат пред нас“, рече Грабар.

Додаде дека хрватскиот народ не сакал ниту војна, ниту, пак, жртви, па оттука и тогашното државно раководство прифатило план за мирна реинтеграција како влог за помирување и заеднички живот на сите кои Хрватска ја сметаат за своја татковина.

Грабар потенцира дека ги поддржува евро-атланските интеграции на сите земји од Југоисточна Европа и дека сака унапредување на меѓусоседските односи.

Сепак, како што рече, некои од тие односи и понатаму се оптоварени со чувствата и траумите од војната, кои би можеле да се залечат со искрена соработка и отворен дијалог.

Спонзорирано: