10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Два самоубиствени бомбашки напада во Багдад, 38 загинати и над 100 повредени

Најмалку 38 луѓе загинаа, а над 100 се повредени во двоен бомбашки самоубиствен напад во ирачката престолнина, Багдад, објави Би-би-си. Како што изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, генереал-мајор Сад Ман, нападот се случил за време на шпиц на плоштадот Тајран во центарот на Багдад.

Засега никоја не ја презеде одговорноста за нападите, но се претпоставува дека се џихадистите од Исламската држава.

Ирачките и американските власти предупредија дека џихадистите ќе продолжат со ваков вид напади бидејќи таа група беше протерана од делови на ирачката територија што ја зазеде пред неколку години.

Спонзорирано: