20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во холандските училишта Меркел е попозната од Хитлер

Германската канцеларка, Ангела Меркел, е подобро позната меѓу холандските ученици дури и од нацистичкиот лидер, Адолф Хитлер, покажаа најновите истражувањата.

Институтот за германски студии во Амстердам побарал од околу 3.000 ученици на возраст меѓу 11 и 19 години да наведат што е можно повеќе познати Германци. Притоа, најчестиот одговор бил Ангела Меркел. Хитлер бил на второто место.

Во слично истражување пред осум години, нацистичкиот лидер беше на првото место. Сепак, автобиографската книга на Хитлер, „Мојата борба“ и натаму е најпозната германска книга во Холандија, пред „Читачот“ од Бернхард Шлинк. Дури педесет и осум проценти од испитаниците при ова истражување не биле во можност да наведат ниту еден германски автор.

Спонзорирано: