12.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Утре снег ќе ја прекрие Македонија

Поради спуштање на студен воздух од север, утре и во понеделник ќе има локални врнежи од дожд кои понекаде ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места.

На планините особено на запад и на исток врнежите ќе бидат од снег. Најмалку врнежи ќе има во централните делови од земјава.

Појава на врнежи ќе има и во вторник, но само во крајните западните делови.

Понинтензивни врнежи претежно од дожд се очекуваат во среда од средината не денот и особено во западните делови, каде што врнежите во текот на ноќта ќе бидат од снег. Ќе дува дува засилен југозападен ветер.

Спонзорирано: