10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата сигурно не го очекувала ова: Го забележале како во возило марка Широки става три пиштоли, една автоматска пушка, една полуавтоматска пушка, рачна бомба, една граната за светлосен сигнал, една звучна граната, топовски удар…

На 11.01.2018 година во Кичево во домот на С.Ѓ. (49) од страна на полициски службеници од Полициската станица-Кичево, по наредба од Основен суд –Кичево, извршен е претрес во неговата куќа, при што бил забележан неговиот син Ј.Ѓ. како во патничко моторно возило „Чироки“ со кичевски регистарки ознаки, става огнено оружје. Од страна на полициските службеници извршен е преглед во возилото, при што пронајдени и одземени се: три пиштоли, една автоматска пушка, една полуавтоматска пушка, ловна и воздушна пушка, рачна бомба, една граната за светлосен сигнал, една звучна граната, топовски удар, повеќе оквири за автоматска и пиштолска муниција и околу 270 парчиња пиштолска и автоматска муниција. Ј.Ѓ. е лишен од слобода и однесен во Полициската станица -Кичево , а од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Спонзорирано: