9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Најавени демонстрации во Скопје – еве што ќе се случува пред Владата

Нов протест против загадениот воздух ќе се одржи утре напладне пред Владата. Протестот го организираат граѓани кои повикуваат на масовност преку социјалните мрежи.

„Британската влада во 2.000-та ни подарила согорувач за медицински отпад, кој не ги задоволува ЕУ-стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и многубројни други нарушувања“, се вели во повикот за протестот на социјалната мрежа Фејсбук.