20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Магла на Попова Шапка, Стража и во Крушево

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Снег со слаб интинзитет провејува на Ѓавато, кој не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради магла има на патните правци од 30 до 40м. Лисец – Попова Шапка , Стража од 50 до 100м и Крушево до 100м.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Спонзорирано: