11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Крвав инцидент во познат угостителски објект

На 13.01.2018 година во 03,00 часот во Полициската станица -Штип, З.А. (30) од Штип , пријавил кривично дело Насилство, односно појаснил дека истиот ден околу 00,30 часот додека седел во угостителски објект во друштво на неговата сопруга, од позади грб му пришол О.О. (32) од Штип, го удрил со тупаница во пределот на лицето, а потоа во пределот на телото. З.А. станал, но во истиот момент дошло обезбедувањето, по што ги раздвоиле и ги отстраниле од објектот.

Од нападот, З.А. се здобил со повреди и се упатил во Клиничка болница Штип на лекарски преглед, но додека бил на приемното одделение, пристигнал О.О. во друштво со лицето Д.К. (29) од Штип, и физички го нападнале.

Од ударите З.А. паднал под масата за преглед, по што О.О. и Д.К. ја свртеле масата и со неа почнале да го удираат по телото. Според пријавеното, напаѓачите го удирале З.А.и со други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Спонзорирано: