9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Две реченици кои келнерот му ги напишал на сметката го оставиле без текст!

Луѓе како Акхилеш Кумар не се среќаваат секој ден. На прв поглед, тој е обичен човек, кој работи во маркетинг во една компанија со седиште во Дубаи. Меѓутоа, последен пат кога имал работа во Индија направил нешто што оставило длабока трага во неговото срце и во срцата на гладните деца кои ги затекнал таму.

Акхилеш престојувал во хотелот Сабрина. Се подготвил да оди на вечера во ресторанот кога се случило нешто што му го променило животот. Додека седел покрај прозорот во ресторанот, погледнал на улица. Право во очи погледнал неколку гладни деца. Во грлото му застанала „кнедла“.

Повикал едно мало момче да влезе во ресторанот. Момчето ја повело и својата сестра.

Кумар им рекол да седнат на неговата маса и да нарачаат што сакаат. Децата го послушале, нарачале, вечерале во тишина. Кога завршиле, децата ги измиле рацете во тоалет и излегле од ресторанот.

Кога побарал сметка, за Кумар следело изненадување. Наместо износ, на сметката пишувало:

„Немаме калкулатор со кој би ја наплатиле хуманоста. Нека доброто со добро ти биде вратено!“, било напишано на сметката.

Кумар се обидел да дознае кој ја напишал пораката и ја платил сметката, но во ресторанот не сакале да му кажат.

Спонзорирано: