11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Досега 18 лица загинаа поради одроните во Калифорнија

Во катастрофалното лизгање на земјиштето во јужна Калифорнија, 18 лица загинаа, а седум се уште се водат за исчезнати, објавија локалните власти.

Телото на последната жртва, 87-годишен маж, во неговиот дом било пронајдено во петокот од страна на службите за пребарување и спасување, изјави Бил Браун, шериф на округот Санта Барбара.

Обилните дождови што паднаа по десет сушни месеци, во понеделникот и во вторникот го претворија овој крај од еден од најубавите во Калифорнија во место на ужас, објави агенцијата „Франс Прес“.

Поради врнежите кои ја измија земјата оставена без вегетација по неодамнешните пожари, реките одеднаш се преплавија со кал и камења и уништуваа сè пред себе.

Покрај жртвите и повредените, беа уништени и 65 куќи, а повеќе од 450 беа оштетени.

Повеќето жртви настрадаа во областа Монтесито во областа Санта Барбара, околу 150 милји северозападно од Лос Анџелес и тоа по катастрофалните пожари што пламтеа во таа област во текот на минатиот месец.

Спонзорирано: