12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се менува системот за наплата на патарини: Наплатните рампи одат во историјата, еве како ќе се плаќа во иднина

Директорот на хрватските автопатишта, Борис Хузјан, денеска изјави дека се подготвува промена во системот на наплата за користење на автопатиштата на ниво на цела Европска Унија.
Во контекст на развојот на модели за наплата на патарина за сите видови возила, важно е да се истакне дека со предлогот од новата директива на Европскиот парламент се планира во блиска иднина плаќањето  патарина да се спроведува само според моделот за преминати делници од автопатот, а не преку наплата за користење на одреден период, истакна во својата изјава Хузјан.
Според него, таквиот систем веќе постои во Хрватска.
„Во рамките на реформите што ги спроведуваме, ресорното министерство објави јавен повик за изработка на студија за развој на електронски систем за наплата на патарини ширум Хрватска“, истакна министерот Хузјан.
Намерата е, како што истакна Хузјан, да се подобри постојниот систем за наплата на патарина, а студијата, како што додаде, ќе покаже кој електронски систем за наплата е најсоодветен за автопатиштата земајќи ги предвид новите технологии.
Спонзорирано: