9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

На црната листа на Трамп десетици Македонци непожелни во САД

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, пратеникот Џеват Адеми, како и ексминистерот за внатрешни работи и претседател на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, се наоѓаат на црната листа на САД на лица и компании на кои им се забранува патување и вршење финансиски активности во САД. Лицата од оваа листа, според американските власти, претставуваат потенцијална опасност за националната безбедност и интересите на државата, а на предлог на Стејт департментот и министерствата за правда и финансии ја потпишува американскиот претседател.
Од Македонија на црната листа ажурирана на 5 јануари годинава може да се сретнат имиња на повеќе македонски актуелни и поранешни политичари, паравоени команданти, но и лица што повеќе не се живи. Меѓу другите, на црната листа на САД се Изир Самиу – Баци, Невзат Халили, Џавид Хасани, Џемаљ Хусени, Реџеп Даут, како и Дилавер Бојку – Леку, кој пред неколку месеци беше застрелан пред неговиот ресторан „Аква блу“ во Струга.
На листата има лица инволвирани на фронтовите во Сирија, кои се поврзуваат со дел од терористичките организации, а по потекло се од Македонија. Помеѓу нив се Јашари Абдул од Скопје, попознат како Командант Ираки, Бернал Ѓаралеш, Кастриот Хаџиреџа и други.
На списокот со непожелни личности на кои им е забранет влез во САД се наоѓаат 33 Албанци од Косово, како и тројца од Македонија и еден од Албанија. Актуелниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај, не доби виза да патува во САД и освен него, има уште 37 видни Албанци што се на списокот со непожелни во САД“, а кои на списокот на американскиот претседател Доналд Трамп се опишани како опасни личности.
„Даут Харадинај, Реџеп Селими, Азем Сула, Фатмир Лимај, Рамиз Ладровци, Сами Луштаку, се дел од имињата на државјани на Косово што САД ги сметаат за опасни личности по нејзината безбедност. На списокот со опасни личности за безбедноста на САД на американскиот претседател Доналд Трамп од Македонија се Мендух Тачи, Гафур Адили (шеф на политичкото крило на т.н. албанската национална партија – АНА) и Нури Беџети.
На листата се наоѓаат повеќе политичари од Балканот, а како позвучни имиња може да се издвојат претседателот на Република Српска, Милорад Додик, како и Воислав Шешељ.
Спонзорирано: