10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Алаѓозовски: Одлуките за субенции на МРТВ се незаконски

Министерството за култура, по добивањето на одлуките на МРТВ по објавен конкурс според Законот за поддршка на домашната музичка продукција, уште денес упати инспекциски надзор, којшто констатираше дека се длабоко пробиени роковите за носење на овие одлуки и согласно со тоа, овие одлуки треба да бидат поништени, изјави министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, на прес-конференција во Битола.
„Од страна на инспекцискиот надзор, раководството на МРТВ беше предупредено дека се соочува со кривична одговорност поради овие незаконски донесени одлуки, со кои се создава штета по буџетот и кои претставуваат злоупотреба и несовесно работење во службата. Исто така, раководството на МРТВ беше предупредено дека склучувањето  договори со авторите по овие одлуки ќе предизвика дополнително кршење на законот и нови основи за кривична одговорност“, рече министерот.
Алаѓозовски рече дека Министерството не само што ги оспорува овие одлуки и во никој случај нема да одобри исплата на средства за избраните композиции, туку дека почна да врши ретроактивна детална проверка на претходните конкурси, за кои има сознанија и индиции за крупни неправилности.
„Со оваа настаната ситуација уште еднаш се покажа колку бил штетен овој закон, кој постојано создавал долгови по буџетот на граѓаните, бил спроведуван на несоодветен начин и со неправилности, а воопшто не ги постигна декларираните ефекти, ниту, пак, придонесе за зголемување на квалитетот, развој на музичката индустрија и поголема присутност на домашните артисти на нашите медиуми, туку се претвори во алатка за клиентелизам и за купување послушност на музичките уметници“, рече Алаѓозовски.
Спонзорирано: