9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот, велат од СДСМ

Измените на Законот за употреба на јазиците, што Собранието ги усвои денеска, се во согласност со Уставот на Република Македонија и амандманот 5, донесен пред 17 години. Со усвоените измени не се загрозува уставната положба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територијата, како и во меѓународните односи, а се унапредува употребата на јазиците на сите заедници во Република Македонија, велат од СДСМ.
Според владејачката партија, кукавички и неосновани се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ, а доколку имале какви било аргументи за лажните тврдења пратениците од опозицијата можеле да присуствуваат и да ги бранат на денешната собраниската седница, наместо да бегаат.
„Останува фактот дека на овој начин ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема капацитет да ги надмине политиките на создавање вештачки поделби меѓу граѓаните. Граѓаните одамна ги поразија деструктивните политики  и дадоа силна поддршка на демократските процеси што носат придобивки за сите граѓани и ја градат Македонија како едно општество за сите“, е ставот на СДСМ.
Спонзорирано: