10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајот по влажни коловози, магла во Крушево

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Дожд со слаб интензитет врне на Стража, Маврово, Дебар, Охрид, Струга, Кичево и Пресека. Намалена видливост 50 – 100 м поради магла има во Крушево, известуваат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Спонзорирано: