13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се забрануваат црни автомобили – носеле несреќа?

Претседателот на Туркменистан, Гурбангулји Бердимухамедов донесе бесмислена одлука – со закон го забрани возењето на црни автомобили во главниот град. Причината за ваквата одлука е тоа што црната боја привлекувала несреќа. Поради тоа претседателот Бердимухамедов смета дека белата боја носи среќа, па ја препорачува таа боја.
Туркменистан во 2015 година забрани увоз на црни автомобили и препорача купување на возила во светли нијанси, а сега без предупредување воведе забрана за црни автомобили. Паркираните црни автомобили биле запленети и транспортирани на градската депонија. Граѓаните бараат автомобилите да им бидат вратени, а за тоа ќе треба да потпишат дека ќе ја променат бојата, на свој трошок.  Бердимухамедов вози „бугати вејрон“ во светло зелена боја.
Спонзорирано: